Денес, ЖРК Вардар го одигра последното коло во сезоната 2021/2022 година, во рамки на 14.коло од плеј-офот на домашен терен бевме домаќини на Чаир. Вардарки победија и им подарија триумф на две личности кои се дел од екипата речиси 7.години.
Денес последниот „црвено-црн“ танц го имаат тренерот Драгана Ристова и пикерот Катерина Дамјаноска. Двете се од „основањето“ на генерацијата кога започнаа како пионерки, потоа се нижеа години минаа кадетска, младинска и сениорска конкуренција.
Ристова заминува во нови предизвици, оваа генерација ја селектираше како пионерки, мина многу премрежја со нив, напредок, падови, радости, трофеи и тага. Од нејзиниот тим произлегоа многу сениорки во Вардар, но и во неколку високопласирани македонски прволигаши, има девојки кои играат и во странство од тој нејзин прв тим. Успешно ги водеше и во сениорската конкуренција, со нив „искочи во Европа“ каде бевме сезонава единствен тим кој мина коло, бројот на репрезентативки е голем кои го создаде. Пригодниот подарок го прими од членот на управниот одбор на ЖРК Вардар, г-ѓата Ивческа Татјана. Ристова дефинитивно остави голем печат во ЖРК Вардар каде мина и дел од кариерата како играч, и посакуваме успех понатака.
Дамјаноска Катерина, девојката која напредува од година во година исто така беше од почетокот на овој проект. Нејзиниот напредок е евидентен особено оваа сезона, пролетва често беше прв стрелец. Има статус на член на А-селекцијата на Република Македонија, а настапуваше и за кадетската и младинската. Вардар ќе има тешка задача да го надополни нејзиното одсуство од тимот. Редакцијата на Вардар фанс и посакува успех во кариерата и животот. Пригодниот подарок и го предаде првиот човек на ЖРК Вардар, легендата на мак.женскиот ракомет, Гордана Нацева.
Исто така врачен пригоден поклон доби и Марија Николовска, која заедно со раководството на тимот одлучија дека нема да ја продолжат заедничката соработка за идната сезона. Николовска беше дел од црвено-црните девојки оваа ракометна пролет. Пригодниот подарок и го предаде првиот човек на ЖРК Вардар, претседателот Гордана Нацева.