Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Кошарка > Симиќ со двајца вардарци на скратениот список за ЕП во Измир, Турција
Симиќ со двајца вардарци на скратениот список за ЕП во Измир, Турција

Симиќ со двајца вардарци на скратениот список за ЕП во Измир, Турција

Селекторот Тони Симиќ го креираше списокот на кошаркари на кои ќе смета на подготовките за Европското првенство во Измир

По селективните тренинзи одржани во текот на минатиот викенд, селекторот на У18 репрезентацијата на Македонија, Тони Симиќ го креираше списокот на кошаркари на кои ќе смета на подготовките за Европското првенство во Измир. Од 38 кошаркари, во конкуренција останаа 18, а ќе ги предводи кошаркарот на Барселона, Теодор Симиќ. А на списокот на селекторот останаа уште неколку од играчите кои се сметаат за најталентирани во оваа конкуренција, како Рубин Стефанов, Андреј Шошкиќ, Петар Бошалески…

Подготовките на јуниорската репрезентација почнуваат в среда попладне, од 18 часот, во малата сала на СРЦ Кале. Инаку оваа наша селекција изненадно доби шанса за настап во најкалитетниот шампионат,  Европското првенство од Дивизијата „А“, кое е на програмата од 30. јули до 7. август, во Измир.

Селекцијата на Македонија е во групата „А“, заедно со врсниците од Франција, Велика Британија и Израел.

СПИСОК НА ПОВИКАНИ КОШАРКАРИ

Теодор Симиќ – Барселона, Шпанија

Андреј Шошкиќ – Работнички

Василиј Србиноски – Работнички

Виктор Стојковски -МЗТ Скопје Аеродром

Тома Стојаноски – Гостивар

Метин Саити – Работнички

Петар Бошалески – Работнички

Марко Трипуноски – Работнички

Рубин Стефанов – Канту, Италија

Ненад Јовановиќ – Стела Азура, Италија

Петар Башоски – СБА Академија, Шпанија

Гојчо Стевковски – МЗТ Скопје Аеродром

-Алек Петкоски – Вардар

-Павел Иванов – Вардар

Христијан Тодороски – Еуро Никел 2005

Лука Димитриевски – МКК Куманово

Стефан Гоцевски – Работнички

Михаил Стојанов – ТФТ Скопје