Одбојкарките на ЖОК Вардар без борба обезбедија пласман во второто коло од Челинџ-купот на ЦЕВ, откако нашиот противник Хаменлина го откажа учеството во европските натпреварувања за оваа сезона. „Црвено-црните“ требаше за дваесетина дена да ги одмерат силите со финскиот клуб, раководствата на двата клуба беа во контакт околу организацијата на натпреварите, за на крајот Хаменлина да се откаже поради препораката на финските власти да не се патува во Македонија, поради зголемениот ризик од зараза од Covid-19.
Така, „вардарки“ без пот стигнаа до втората рунда од ова натпреварување, каде за противник ќе го имаат тимот на Нитра од Словачка. И Нитра како и Вардар без борба стигна до второто коло, по откажувањето на екипата на Фенинген.
Натпреварите меѓу ЖОК Вардар и Нитра се закажани за месец декември.