Sunday ,28 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Куглање > (КУГЛАЊЕ) Вардар ја совлада екипата на Хераклеа-Битола, и остана на врвот
(КУГЛАЊЕ) Вардар ја совлада екипата на Хераклеа-Битола, и остана на врвот

(КУГЛАЊЕ) Вардар ја совлада екипата на Хераклеа-Битола, и остана на врвот

Викендов се одигра 6.коло во Македонската кугларска лига  во кое Вардарци  ја пречекаа екипата на Хераклеа од Битола . Мечот помеѓу избраниците на Драги Димитровски и битолчани во целост им припадна на домаќините и  истиот заврши со резулат 8:0 ( 20:4 ) за вардарци. Мечот беше навистина тврд гостите се трудеа да парираат во текот на цел меч, сепак вардаровата одлична форма и квалитетниот ростер со кој располагаат ја донесе победата.

За потсетување вардарци и на првиот меч в гости кај истиот противник во премиерното коло оваа сезона во МКЛ ја совладаа екипата на Хераклеа  со ρезултат 2-6 (9,5:14,5) 2915:3011. Тогаш најзабележителен ρезултат κај цρвено-цρните  имаше Дане Јаκимовсκи со 525 “Собоρени дρва” κаκо личен ρезултат, треба да се напомене дека постигнувањето на Дане е одлично ако се има предвид дека  гостување κај битолчани κои игρаат во една стаρа κуглана  пρеставува голем пρоблем за гостинсκите игρачи. На саботниот мечот присуствуваше екипата на Вардар фанс која беше срдечно пречекана од вардарци, од овој дуел фотогалерија ќе може да погледенете- ТУКА.
Кај вардар на дуелот најдобри поединци беа Бојан  Влаќевски со 616 “соборени дрва“ и Димитар Димитровски со 609. По нив со својте скорови следуваат најефикасниот од првиот дуел Дане Јаκимовсκи со скор 583, четврти е Димковски Миле со 563, Ристевски Коста ја зазема 5 позиција со скор од 559,  а шести беше Влатко Стојановски 526. Вардарци по ова коло останаа на делба на лидерската позиција со шампионот Макпетрол, двата тима имаат по 11 бода на своето конто. Следен меч за црвено-црните е на 7-ми февруари на домашен терен во ’’Борис Трајковски“ , овој меч е со почеток во 11 часот.