Попладнево нашиот фудбалски шампион го одигра чевртиот контролен натпревар на подготовките во Анталија. Противник беше екипата на Металист Харкив, со кој одигравме нерешено 1:1. Стрелец на единствениот погодок за црвено-црните беше Хуан Фелипе со едно ремек-дело од некаде 30-тина метри. На овој меч можевме да видиме две различни полувремиња за Вардар. Во првиот дел бевме далеку подобри од противникот и имавме поголем посед на топката. Сепак во второто полувреме Украинците успеаа да го израмнат резултатот на 1:1 во 66 мин, што се покажа и како конечен на крајот.
Видеото од головите од денешниот натпревар можете да ги погледнете ТУКА