Олимпиецот Нуров, вчера ги заврши подготовките во Сочи, Русија. Вардарецот беше со руската репрезентација од 26 август до 10 септември. Ова беа подготовки за настап на Светското првенство во Осло, Норвешка од 2-6 октомври 2021.
Нуров е пријавен и треба да настапи во категоријата до 97 килограми, сепак за жал повторно нема никакви информации од Боречката федерација на Македонија, зашто не се акредитирани неговите тренери Могамед Ибрагимов и Љубиша Пешко. Најверојатно повторно ќе исплива некоја друга непрофесионална личност како и до сега.
Според плановите на тренерите, денес на 11.септември беше предвидено Нуров да настапи во Германската Бундес лига за клубот KSC Germania Hösbach, но за жал мечот беше одложен, па најверојатно ќе отпатува за планираното второ коло на 23.септември кое ќе биде одлична контролка пред настапот на СП во Осло.