Стартот на новата сезона во ракометната Супер лига првично се одложи, откако владата во Македонија прогласи тридневна жалост после трагедијата која се случи во болницата во Тетово, во која имаше човечки загуби.
Натпреварите од првото коло во Супер Лигата ќе се одиграат во текот на утрешниот ден. Новиот Суперлигаш, екипата на Скопје е противникот на Вардар на отварање на сезоната во најсилната македонска лига. Натпреварот е закажан да стартува од 17:00 часот во големата сала на С.Ц. Јане Сандански. За судии се делегирани Ѓоко Колевски и Сашо Крчакев, додека делегат ќе биде Драган Начевски.
Двојки за првото коло:
Вардар – Скопје 17:00
Радовиш – Струга 19:00
Охрид – Тиквеш 2014 14:30
Еурофарм Пелистер – Еурофарм Пелистер 2 17:00
Бутел – Прилеп 19:00
Металург – Пролет 19:00