Денес на 4. февруари, се одржа голем меѓународен турнир “Landesmeisterschaft” во Келн, Германија. Турнирот беше за јуниори до 20 години, на кој учествуваа и Вардарците во грчко-римски стил, каде што покажаа извонредни борби и освоија одличен резултат :
-67кг МИЛАН ТРЕНДОВ 4.место
-82кг ЉУПЧЕ МИТЕВ 2.место
87кг СТЕФАН МИТЕВ 1.место
Тренер : Благој Трендов
Утре ке настапи уште еднаш во категорија кадети до 17 год. До 65 кг Милан Трендов , каде што треба да прикаже подобар резултат меѓу своите врсници .
Инаку да напоменеме дека сите тројца се внуци на поранешниот боречки АС и олимписки боречки судија г-дин Љупчо Јанев.