Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Младинската школа на ФК Вардар стартува со тренинзи
Младинската школа на ФК Вардар стартува со тренинзи

Младинската школа на ФК Вардар стартува со тренинзи

Утре со почеток од 09:00 во Маџари, со тренинзи ќе стартуваат и младинските екипи на Вардар.

Нема некои промени што се однесува до тренерите кои ќе бидат задолжени за работа со генерациите. Пепи Георгиевски ќе биде вклучен да работи со помладите пионери, додека Марјан Герасимовски останува тренер на пионерите. За кадетите и младинците ќе бидат задолжени Борче Христов и Трајче Стојковски.

Влатко Колев останува тренер на генерацијата 2008, додека Златко Тасевски е предводник на генерацијата 2009.