Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > Uncategorized > КК Вардар со победата над конкурентот Соколи се одлепи на табелата
КК Вардар со победата над конкурентот Соколи се одлепи на табелата

КК Вардар со победата над конкурентот Соколи се одлепи на табелата

Кошаркарите на Вардар направија уште еден, голем чекор на патот кон враќање во друштвото на најдобрите клубови – Првата лига.

На свој терен„ црвено-црните“ стигнаа од убедлив триумф (97:73), против нивниот прв пратител на табелата, екипата на Соколи 1933. Па по 13 одиграни кола, „вардарци“ (скор 11-2), сега се на два чекори, две победи плус во однос на екипата на Штип, но и екипата на Работнички 2018, која е на исто скор како и онаа од Штип (9-4).

Младиот состав од „Градски парк“ во овој круг од натпреварите беше подобар од локалниот ривал Шкупи (79:65).

ВТОРА ЛИГА-МАЖИ

РЕЗУЛТАТИ 13. КОЛО

ГКК Охрид – Ангели         77:66

Вардар – Соколи 1933    97:73

Работнички 2018 – Шкупи        79:65

Борец Баскет – Водно Санс       78:67

МЗТ Скопје Уни Банка – МКК Куманово      82:73

Црн Дрим – Баскет Кам  71:75

ТАБЕЛА: Вардар 24, Соколи 1933 22, Работнички 22, Ангели 21, ГКК Охрид 21,  МКК Куманово 20, МЗТ Скопје Уни Банка 19, Водно Санс 19, Борец Баскет 19, Шкупи 18, Баскет Кам 16, Црн Дрим 13;

ИДНО КОЛО (11.02)

Шкупи – МЗТ Скопје Уни Банка

Водно Санс – Црн Дрим

Вардар – ГКК Охрид

Баскет Кам – Работнички 2018

МКК Куманово – Соколи 1933

Ангели – Борец Баскет