Кошаркарскиот клуб Вардар се засили, повторно станува збор за млади македонски перспективни кошаркари. Станува збор за Павле Михајлоски и Виктор Ташовски на кој може да смета за сезонава новиот тренер, Александар Јованчев. Истите всушност прават кам-бек во црвено-црниот кошаркарски колектив.
Михајлоски(21-година) се враќа во „јатото“ по периодот минат во Блокотехна со која триумфираше во БИБЛ лигата. Ташовски (18.години) кој беше член на М18 селекцијата која минатата година на Европското првенство во Орадеа го освои четвртото место. Ташовски играше во Пелистер и МЗТ Скопје УниБанка.