Додека сме во очекување на новиот сопственик во фудбалскиот клуб Вардар, денес на МРТ-3 ќе можете да погледнете нов натпревар на ФК Вардар од натпреварувачката сезона 2019/20.
Се работи за првото пролетно коло и мечот против екипата на Македонија Ѓ.П, на кој црвено-црните славеа со резултат 3:1.
Стрелци на головите за Вардар беа Жуниор Леовигалдо, Џемал Ибиши и Матеј Цветаноски.
Натпреварот денес ќе се емитува во терминот од 16:00 часот.