Tuesday ,23 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Кошарка > КК Вардар поразен од Академија ФМП на тест-меч
КК Вардар поразен од Академија ФМП на тест-меч

КК Вардар поразен од Академија ФМП на тест-меч

Вчера во  малата сала на СРЦ „Кале“,  се одигра пријателски меч помеѓу Кошаркарскиот клуб Вардар и екипата на Академија ФМП. На оваа средба  гостинот дојде до победа над избраниците на Александар Јованчев со резултат 91:86.

Првенството е поместено за 10.октомври иако првично беше закажано за овој викенд. Ова е втора контролка во минатата исто така одиграна во СРЦ „Кале“, црвено-црните ја совладаа екипата на КК ТФТ со резултат 74:64.