Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Куглање > Куглање! Вардар се засили со Тони Тодоровски, кој премина во нашите редови од КК 18-ти Август
Куглање! Вардар се засили со Тони Тодоровски, кој премина во нашите редови од КК 18-ти Август

Куглање! Вардар се засили со Тони Тодоровски, кој премина во нашите редови од КК 18-ти Август

Официјално заврши преодниот рок во македонското куглање, во овој преоден, летен рок во три од пет трансфери учестуваше кугларскиот клуб Вардар. Па така од Вардар во Медвешчак (Хрватска) како што први ве известивме мина Димитар Димитровски. Потоа од нашиот тим во редовите на Империал Тобако ТКС замина како што исто така први ве известивме Младен Донковски.

Вардар ги загуби овој преоден рок двајцата најдобри поединци во своите редови со заминувањето на овие двајца момци. Во нашиот клуб од екипата на  КК 18 Август 2016 премина еден играч, станува збор за  Тони Тодоровски. Тој е искусен куглар со долг стаж во овој спорт. Поголем дел од својата кариера има минато во екипата на КК Работнички каде беше играч, потоа тимот го предводеше и како капитен, а на крајот беше и тренер на црвено-белите. По пропаста на овој тим мина во екипата на  КК 18-ти Август од каде сега минува во редовите на црвено-црниот кугларки колектив. Долги години има работено под палката на сегашниот вардаров тренер, Драги Димитровски во периодот на најголемите успеси на Работнички.