Thursday ,28 March 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Атлетика > АТЛЕТИКА! Вардарците со топ 10 пласман во Подгорица на полумаратонот
АТЛЕТИКА! Вардарците со топ 10 пласман во Подгорица на полумаратонот

АТЛЕТИКА! Вардарците со топ 10 пласман во Подгорица на полумаратонот

На 25 Октомври, Недела во Црна Гора се одржа подгоричкиот маратон и полумаратон. Полумаратонската патека се трчаше од Даниловград до Подгорица. На одлични временски услови Вардарците Петре Завировски и Марко Ивановски успејаа да забележат пласман меѓу најдобрите 10 атлетичари на полумаратонската трка.

Петре Завировски го истрча својот трет најбрз полумаратон во кариерата со резултат 1:19:24 со што се пласираше на 8 позиција. Марко Ивановски на целта влезе како 9 пласиран со најдобар резултат во кариерата во полумаратон 1:19:39. Фкупно 43 атлетичари од Македонија настапија на Подгоричкиот маратон и полумаратон. Во конкуренција меѓу Македонсците 3 и 4 позиција им припаднаа на Завировски и Ивановски. Неофицијално следни полумаратони на кои ќе трчаат Вардарците се полумаратонот во Барселона во Февруари на кој ќе настапи Ивановски додека во Март Завировски ќе настапи на полумаратонот во Ливерпул.