Saturday ,27 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Марио Илиевски: Очекувам победа во купот, против Шкендија
Марио Илиевски: Очекувам победа во купот, против Шкендија

Марио Илиевски: Очекувам победа во купот, против Шкендија

Утре не очекуваат 1/4 финалните натпревари од купот на Македонија, во младинските фудбалски категории. Свој натпревар ќе одиграат помладите пионери, на теренот на локомотива со почеток од 10 часот. Противник е Шкендија, која еднаш ја совладавме во првенството. Ова може да биде сосема различен меч од тој во лигата, бидејќи се работи за елиминациска фаза во купот. Вардарци имаат шанса на првиот дуел да обезбедат солидна предност и со добар резултат да го дочекаат вториот натпревар во Тетово. Членот на црвено-црните, Марио Илиевски верува во својот тим и најавува победа на овој куп дуел.

На овој натпревар со шкендија во купот очекувам да победиме. Во лигата бевме подобри од нив со резултат од 4-0, се надеваме дека и овој натпревар во купот ќе го добиеме. Тимот од Тетово не го знаеме многу добро. Паузата овој викенд ја искористивме со една пријателска утакмица со тимот на Брегалница, победивме со 2-0 и спремни сме за куп мечот. Расположението во тимот е супер и сите сме спремни за овој натпревар, изјави Марио Илиевски.

Звонко Ивановски