Wednesday ,01 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > СЕХА! Утре Вардар го пречекува Мешков во 17-45ч, билетите се со цена од 50ден, од мечот ќе има и ТВ пренос
СЕХА! Утре Вардар го пречекува Мешков во 17-45ч, билетите се со цена од 50ден, од мечот ќе има и ТВ пренос

СЕХА! Утре Вардар го пречекува Мешков во 17-45ч, билетите се со цена од 50ден, од мечот ќе има и ТВ пренос

По убедливата победа во ЕХФ лигата на шампионите со полски Киелце нашите момци продолжуваат утре  со обврските во регионалната Сеха лига. Во С.Ц Јане Сандански ни гостува екипата на РК Мешков Брест. Вардар ќе атакува на шестата победа во регионалната лига во седмиот меч за црвено-црните во СЕХА. Нашиот гостин досега од шест меча има забележано една победа помалку.

Мечот е закажан за утре со почеток во  17:45 часот. За сите кој сакаат да го следат во живо продажбата на билети ќе се одвива на билетарницата на СЦ „Јане Сандански”, од 10 до 18 часот, и онлајн на www.ticketplus.mk. Билетите ќе бидат по цена од 50 денари за трибините, а за ВИП Зона билетот ќе изнесува  150 ден. За сите други кои нема да бидат во нашиот спортски храм ќе има директен тв пренос на Македонската телевизија- на првиот програмски канал.