-
На дерби пресметката Вардар – Шкендија можеше се да се види од трибините , само фудбал не! ”Шаренило” на северната трибина. Од манекенки, до ракометарки на ЖРК Вардар, до поранешни тренери, спортски лица, репрезентативки на Македонија, па се до Јапонци. На северната трибина можеа да се забележат и двајца јапонци.
Во друштво на нашиот прочуен фудбалер Бобан Бабунски, друштво му правеа двајца момци од Јапонија. Па сега сите може да нагаѓаме, за што беа дојдени овие две момчиња. Останува да сочекаме, времето ќе покаже. Едно е јасно, по фотографијата се забележува, од натпреварот сигурно нема да бидат задоволни.
Фото: Koчо Сотировски