Wednesday ,01 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > РК Вардар прес: Уморни сме, но со Брест ќе одиме на триумф
РК Вардар прес: Уморни сме, но со Брест ќе одиме на триумф

РК Вардар прес: Уморни сме, но со Брест ќе одиме на триумф

Вардар утре игра меч со екипата на Брест Мешков во рамките на СЕХА регионалната лига. Ова е 7 меч за црвено-црните во регионалното натпреварување. Досега имаме 5 победи и еден пораз оној во Загреб. На денешната прес-конференција пред утрешниот дуел своето видување го даде шефот на стручниот штаб на Вардар, тој во изјавата пренесена од официјалиот сајт вели:

-Брест има многу добра екипа, оваа година е засилен има неколку нови ракометари. Ние Против Кјелце го одигравме најдобриот натпревар оваа сезона, но сега ќе биде различно затоа што малку сме уморни. Вчера малку тешко трениравме затоа што некои играчи имаа проблеми, ама мора да се фокусираме. Мислам дека ќе играме добро, затоа што сме во добар момент и во Скопје секогаш играме подобро отколку на страна“, изјави Гонзалез.

Од играчите на денешниот прес присутен беше капитенот на црвено-црните Филип Лазаров, кој даде свое видување за утрешниот СЕХА предизвик на домашен терен:

-Брест е многу квалитетна екипа, која според мене заслужува да игра во двете поквалитетни групи во ЛШ, а не во оние со помал квалитет. Имаат добри играчи, голем и квалитетен ростер. Донесоа нов тренер и од меч во меч играат подоборо. Тие се сигурно еден од кандидатите за место и на Ф4 турнирот во СЕХА. Ние сме малку уморни, некои играчи се повредени, но ќе играме и ќе дадеме сѐ од себе за да победиме“, изјави Лазаров.