Thursday ,02 May 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Андреа Лекиќ стигна до 500 голови во лигата на шампиони
Андреа Лекиќ стигна до 500 голови во лигата на шампиони

Андреа Лекиќ стигна до 500 голови во лигата на шампиони

Српската репрезентативка и член на Жрк Вардар, Андреа Лекиќ стигна до јубилејни 500 погодоци во лигата на шампиони. Таа на мечот одигран во саботата против Хипо постигна четири голови и моментално има запишано 503 голови во најголемото натпреварување.

Во ЛШ започнува да игра од 2007 година во дресот на Крим Меркатор. Потоа преминува во Унгарски Ѓер со кој засега го прави најголемиот успех. Успева еднаш да ја освои лигата на шампиони и да игра во големото финале. Пред три сезони заедно со Јованка Радичевиќ се решаваат да ја сменат клупската средина. Нов предизвик за Лекиќ е екипата на Жрк Вардар, со кој на два пати сигнува до завршниот турнир и го освојува третото место. Во 2013 година е прогласена за најдобра светска ракометарка, заедно со Дувњак во машка конкуренција.

Од моменталните играчи кои играат активно ракомет, оваа бројка ја имаат надминато Анита Горбич ( 741 гол) која имаа 33 години, потоа Лин Кристен Ригелхут ( 600 голови) со 31 година, Катарина Булатовиќ ( 557 голови) 31 година и Александра Насцименто ( 513 голови) која има 34 години. Вооедно Лекиќ е најмлада меѓу нив, која има 28 години, а ја има преминато границата од 500 погодоци во ЛШ.