Friday ,17 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Сејменов ќе ја дели правдата на денешниот дуел со Младост на„Билјанини извори“
Сејменов ќе ја дели правдата на денешниот дуел со Младост на„Билјанини извори“

Сејменов ќе ја дели правдата на денешниот дуел со Младост на„Билјанини извори“

Фудбалската федерација го делегираше судијата  Ристе Сејменов за делител на правдата на денешниот дуел во  Охрид . Вардар денес гостува кај тимот на Младост Царев Двор во дуел од  12 коло во првата лига.

Струмичанецот Сејменов ќе биде главен судија, а федерацијата ги одреди за помошници  Петар Новачев од Велес и Марјан Смилковски од Прилеп, додека четврти судија е струмичанецот Васко Мавров. Делегат на натпреварот  е Гоце Цветановски од Демир Хисар. Овој дуел  се игра денес со почеток во 13-30 часот на стадионот „Билјанини извори“ во Охрид.