Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Кошарка > КОШАРКА! Вардар најуспешна кошаркарска школа, годинава шампионски титули освоивме дури во три младински категории М-20,М-18 и М-14
КОШАРКА! Вардар најуспешна кошаркарска школа, годинава шампионски титули освоивме дури во три младински категории М-20,М-18 и М-14
КК ВАРДАР М-18!

КОШАРКА! Вардар најуспешна кошаркарска школа, годинава шампионски титули освоивме дури во три младински категории М-20,М-18 и М-14

Првиот тим на кошаркарскиот тим Вардар лани се натпреваруваше во третата лига и успеаа да обезбеди место годинава во втората по ред кошаркарска конкуренција во земјава. Во истата завршивме втори зад Охрид и повеќе од сигурно очекуваме после административната одлука место во најсилната кошаркарска конкуренција. Во младите категории пак сликата е сосема друга  таму нема сила која ќе го запре Вардар. Како што веќе е познато неприкосновено е број еден школа во  младинска конкуренција, за околу еден месец КК Вардар се закити со три младински титули.

 КК ВАРДАР М-20!

КК ВАРДАР М-20!

Годинава шампионски титули освоивме дури во три младински категории и тоа кај момците до дваесетгодишна возраст и помлади М-20, потоа во категоријата М-18 и кај најмладите  момци родени 2002 и помлади  М-14. Во категоријата М-20 младите кошаркарски надежи  пред околу месец и нешто  по трет пат во финалната серија однесоа победа со нивниот  голем ривал Карпош Соколи. Вардарци  со максимални 3-0 во победи стигнаа до шампионската круна. Изминатиот  викенд  на нив им се приклучија и црвено-црните момци од М-18. Предводени од младиот тренер Ѓорѓи Кочов со низа од три победи го изненадија фаворитот МЗТ Скопје А и со 3-1 во победи го добија финалето на Плеј офот и ја освоија титулата во генерацијата М18. Сепак не застанавме тука оваа недела и  најмладите кошаркари од генерацијата 2002 и помлади  се најдобриот тим во Македонија во М14 во натпреварувачката сезона 2015/16. Во финалето на Плеј офот младите кошаркари на Вардар со максимални 2-0 во победи беа подобри од големиот ривал Водно Санс. Црвено-црните како гости со убедливи 83-70 ги совладаа врсниците од Водно санс и заслужено стигнаа до златните медали и шампионскиот трофеј во натпреварувачката сезона 2015/2016.  Оваа година покажавме дека Вардар ја има дефинитивно најдобрата младинска кошаркарска школа во републикава.

 КК ВАРДАР М-14!

КК ВАРДАР М-14!