Сигурно најдобриот натпревар за екипата на ЖРК Вардар во лигата на шампионите за оваа сезона беше оној прв четвртфинален меч на домашен терен против екипата на Ларвик. Тој дуел го добивме полесно од очекувањата и со резултат кој не се предвидуваше пред почетокот на натпреварот. Црвено-црните славеа со резултат 34:20 играјќи го сигурно мечот на сезоната. Вардарки до првата половина на првите 30 минути имаа водство од 12:1, а Норвешкиот шампион го постигна вториот гол дури после 18 минути активна игра. Оваа наша позитива на стартот на вториот дел беше преполовена од страна на екипата на Ларвик. Долго време противникот одржуваше некаква достојна негатива, но целосен распад се случи во последните 15 минути од мечот, кога Вардарки ја вратија играта од стартот на натпреварот стигнувајќи до предност од 14 голови разлика.
На тој незаборавен натпревар број еден на теренот беше нашиот голман Амандин Лејно која имаше преку 20 успешни интервенции, додека најефикасен играч беше Пенезиќ со 8 гола. Исто така се истакна и десниот бек Лазовиќ која беше стрелец на шест погодоци.
Видео од прославата на ракометарките со своите навивачи.