Thursday ,02 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > “Фудбалската “Јуниор“ лига даде резултат уште во првата сезона, осум деца се веќе дел од младинските категории на Вардар
“Фудбалската “Јуниор“ лига даде резултат уште во првата сезона, осум деца се веќе дел од младинските категории на Вардар

“Фудбалската “Јуниор“ лига даде резултат уште во првата сезона, осум деца се веќе дел од младинските категории на Вардар

Најновиот проект на фудбалскиот клуб Вардар “Јуниор“ лигата се покажа како доста успешна уште во првата сезона на нејзиното функционирање. Како што знаеме вкупно 11 школи од државава беа дел од “Вардар Јуниор“ лигата во нејзината дебитантска сезона. Целта на една ваква лига е да се прошири интересот за фудбал и Вардар како клуб и да се донесат најталентираните деца во младинските категории на ФК Вардар. Веќе осум деца ја имаа можноста да бидат препознаени од Вардаровите тренери и скаути како квалитетни и да настапуваат во младинските категории.

Михаил Ристески од Охрид и Омер Абаз беа дел од екипата на помладите пионери кои оваа сезона се натпреваруваа во првенството. Како нови игрчи полека се вклопуваат во замислите на тренерот Сашо Јанев, па се очекува од следната сезона да добиваат поголема минутажа. Мартин Ѓорѓиевски и Петар Гугуљанов се двајцата играчи кои влегоа во генерацијата родени “2002“ година кои сезоната ја завршија на второто место. Олдични играчи со голем играчки потенцијал. Гугуљанов е незаменлив дел од средниот ред на тренерот Петар Ѓорѓиевски и главен креатор на играта на оваа генерација, додека Мартин Ѓорѓиевски настапува на позицијата десен бек прикажувајќи добри игри во овој дел сезоната.

Филип Ѓоргоски и Дамјан Ќосески се играчите кои преминаа во генерацијата родени “2003“ под водство на Ане Андовски. Мора да се потенцира големиот квалитет кај овие деца и правилниот избор за нивно доаѓање во Вардар. Ѓорговски заедно со капитенот Филип Ѓорѓиевски ја сочинуваат главната стоперска линија, која функционира безпрекорно, додека Дамјан Ќосески е вистински мотор по средината на теренот. Ова момче го има речиси насекаде на теренот, доста подвижен кој работи многу за екипата. Браќата Марко и Матео Софијаноски треба да бидат големи засилувања за Вардаровата генерација родени “2004“. Следната сезона тие треба да играат на поголем терен со 8+1 играчи, па тренерот Филип Арсовски ќе биде играчки збогатен за овие двајца млади надежи. Се работи за играчи кои доста трчаат и играат од срце, а добрите резултати на Форца во детската лига, се препишуваат токму на овие двајца идни членови на Вардар, кои тренираа со составот предводен од Арсовски.

Активно се следат уште неколку деца, кои се потенцијална засилувања за нашите младински категории. За следната сезона очекуваме бројот на школи да биде зголемен, а со тоа и повеќе квалитетни деца кои би заиграле за најголемиот клуб во Македонија.