Sunday ,19 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Официјално: Вуко Борозан во РК Вардар!
Официјално: Вуко Борозан во РК Вардар!

Официјално: Вуко Борозан во РК Вардар!

Стигна и потврда од РК Вардар. Црногорскиот репрезентативец Вуко Борозан (22) од денес и официјално е нов член на шампионот на Македонија, тимот на РК Вардар. Борозан доаѓа од Будеслигата од екипата на Либек, настапува на левата бековска позиција. Тој потпиша едно годишен договор, со можност за продолжување на соработката. Борозан ќе се приклучи на екипата на крајот на јули месец, кога и официјално Вардарци ќе ги започнат подготовките за новата сезона.

Борозан е висок 203 cм, и е стандарден репрезентативец на својата репрезентација Црна Гора. Навивачите на Вардар го памететат Вуко по настапите за Металург, инаку Борозан покрај овој тим, има настапувано и за: Ловќен, Карловац, како и Бундеслигашот Либек.

Добредојде за Вуко Борозан во ”црвено-црното” семејство.