Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Борење: Три медали на државното првенство за пионерите на Вардар
Борење: Три медали на државното првенство за пионерите на Вардар

Борење: Три медали на државното првенство за пионерите на Вардар

Младите надежи на борачкиот клуб Вардар овој викенд настапија на државното првенство за пионери.  Нашите млади борачи на ова државно првенство освоија три медала, од кој две “сребра“ и една бронза. Славевски Кристијан дојде до 3.место во својата категорија, а Марија Неделовска и Стефан Димчевски беа сребрени.

9u

Двајцата кои влегоа во финале, имаа пехови од претходно па сосема одлично е 2.то место. Неделковска поради здравствени проблеми не е во активен тренажен процес изминатите три месеци, таа соперничката која ја совлада во финалето на минатата нивна средба успеа по 6-7 секунди активна борба да ја “тушира“ (видео од таа борба). Стефан Димчевски во финалето влезе повреден со препорака да не настапи, сепак стисна заби и машки го одработи тој дуел.

Од лево кон десно: Јордановски-Неделковски-Лазаревски

Од лево кон десно струниот тим: Јордановски-Неделковски-Лазаревски

Со младите надежи на црвено-црните вредно работатат стручните лица во нашиот колектив. Заедно со нив на овој шампионат присуствуваа, тренерот Игор Неделковски човек кој постојано вредно работи со надежите од вардаровата школа. Легендата на екс Ју борењето, Ацо Јордановски кој е  в.д. претседател на клубот и секретар на Вардар, г-н Љупчо Лазаревски.