Изминатиот викендов во градот Прилеп се одржа Меморијалниот турнир „Љупче Црвенкоски – Црвенио“, на истиот учество земаа и надежите од црвено-црниот боречки клуб, БК Вардар. Помеѓу другите за нас настапи и Марија Неделковска, таа влезе пркосно во борбата и за кратко време успеаа да победи со прекин на доминантен начин. Марија е еден од најдобрите поединци на вардаровата школа, таа има боречко педигре, нејзин тренер е Игор Неделковски нејзиниот чичко, човек кој неуморно работи во црвено-црниот клуб. Видеото од нејзината убедлива победа погледнете го во продолжение.