Јован Попзлатанов ја оправда укажаната доверба од тренерот и со три асистенции и еден гол, беше играч на натпреварот на Куп дуелот во Форино. Крилниот играч истакна задоволство од играта и победата, а исто така говореше и за следниот противник, овој пат во ПМФЛ, екипата на Македонија Ѓорче Петров.
„Среќен сум што имав свој придонес во оваа победа. На натпреварот максимално му пристапивме, и мислам дека тоа ја донесе победа. Во денешно време не смее да се потцени ниту еден противник, без разлика дали е второлигаш, третолигаш… Едноставно против Вардар сите имаат мотиви да дадат се од себе за добар резултат. Среќен сум поради тоа што со моите асистенции и со голот донесов победа на мојот тим. Благодарност за укажаната доверба, и се надевам дека и понатаму ќе добивам шанса, а јас ќе се оддолжам со давање максимум на теренот“, истакна Попзлатанов.
„Веќе почнавме да мислиме на следниот натпревар. Реков нема никого да потцениме, така ќе биде и против Македонија Ѓорче Петров. Овој тим минатото коло одигра нерешено со Шкендија, и тоа треба да биде доволен знак дека мораме да влеземе максимално ако сакаме да дојдеме до нова победа во првенството. Мислам дека така ќе пристапиме и во недела, и на крајот се надевам на три бода“, смета Попзлатанов.