Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > На денешен ден пред една година, ФК Вардар го победи Фенербахче во сред Турција и испиша историја
На денешен ден пред една година, ФК Вардар го победи Фенербахче во сред Турција и испиша историја

На денешен ден пред една година, ФК Вардар го победи Фенербахче во сред Турција и испиша историја

На денешен ден, пред точно една година, фудбалскиот клуб Вардар по втор пат успеа да го победи турскиот гигант и да испише историја за клубот и македонскиот фудбал. Не само што ја зачувавме предноста од првиот меч одигран во Скопје (2:0), туку црвено-црните успеаа да го победат Фенербахче и во сред Турција. Иако противникот успеа да поведе со 1:0, Вардар успеа да постигне два гола и да направи резултатски пресврт. Најпрво на 1:1 израмни грузиецот, Џигаури, за победа да донесе Никола Глигоров и да ги постави конечните 1:2

Чеде Јаневски беше на клупата кој настапи со следниве играчи: Вардар: Гачевски, Џигаури (Којашевиќ 84’), Спировски, Блажевски (Муслиу 62’), Барсегјан, Велкоски (Глигоров 73’), Хамбарѕумјан, Николов, Новак, Фелипе и Брдаровски.

Погледнете ги головите од победата на Вардар во Турција.