Kошаркарскаta репрезентација на Македонија до 14 години, вчера дојде до првата победа на турнирот „Словенија Бол“. Овој турнир е “неофицијало ЕП“. Ние дојдовме до убедлива и висока победа со 82-55 над врсниците од Хрватска.
Црвено-жолтите во првото коло беа поразени од домаќинот Словенија, но во второто одиграа на нивото и беа подобри од хрватските врсници. Нашите момци доминираа во сите четири периода, а во последниот успеаја да слават двоцифрено и да го потврдат првиот триумф. Најдобар кошаркар кај Македонија беше Марко Трипуноски со 18 поени. На овој дуел настапи и играчот на Вардар, Оровчанец Мартин кој одигра близу 17.минути.
Во следното, третто коло од “Словенија Бол“, нашите надежи за противници ќе ја имаат селекцијата на Русија.