Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Вардар против ПСЖ и Гонзалез, го отвара турнирот во Стразбур
Вардар против ПСЖ и Гонзалез, го отвара турнирот во Стразбур

Вардар против ПСЖ и Гонзалез, го отвара турнирот во Стразбур

Денес со почеток од 20:15 часот, екипата на Вардар ќе го одигра првиот натпревар на силниот меѓународен турнир во Стразбур. Противник е шампионот на Франција, тимот на ПСЖ кој е предводен од поранешниот вардаров тренер, Раул Гонзалез.

ПСЖ со победа го отвори турнирот, откако во текот на вчерашниот ден славеше над екипата на Брест Мешков (35:29). Екипата оваа сезона цели на највисок пласман во Лигата на Шампионите, доведувањето на Раул Гонзалез говорат за амбиците кои ги има клубот од Франција. ПСЖ во летниот период се засили со Виран Морос, Хенрик Тофт Хансен и Ким Екдал Ду Риц, дополните со браќата Карабатиќ, потоа Омејер, Хансен, Генсхајмер, Абало и други го прават тимот еден од најсилните во Европа.

Тренерот на Вардар, Гарсија Парондо на турнирот нема да биде во можност да смета на услугите на Игор Карачиќ кој поради повреда го пропушти целиот подготвителен период. Проблеми имаат и Борозан и Фереира, но стратегот на црвено-црните ќе се обиде да извади максимум од составот кој ќе се спротивстави на ПСЖ. Во црвено-црниот дрес ќе дебитира најновото засилување, се работи за пикерот Глеб Калараш. Покрај Милосављев како опција на голманската позиција на турнирот ќе ги имаме младите Кизиќ и Петковски.