Александар Ставрев е делегиран за главен судија на дуелот од 3.коло во првата фудбалска лига помеѓу ФК Вардар и Македонија Ѓорче Петров. Натпреварот ќе се игра в недела од 16-30 часот на Стадионот “Борис Трајковски“ во Скопје.
На Ставрев во делење на судиската правда ќе му асистираат: Кировски Марјан (Скопје) и Костадинов Дејан (Скопје).