Thursday ,02 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Вардаровите генер. “2004„ и “2005„ одиграа со нерешен резултат, против Академијата на ФФМ
Вардаровите генер. “2004„ и “2005„ одиграа со нерешен резултат, против Академијата на ФФМ

Вардаровите генер. “2004„ и “2005„ одиграа со нерешен резултат, против Академијата на ФФМ

Денес на терените на ФММ, вардаровите генерации родени “2004„ и “2005„ година одиграа ревијални натпревари со академиите на ФФМ.

Генерацијата “2005„ која е предводена од Сашо Јанев ремизираше 2:2, со соодветната генерација на академијата на ФФМ. На овој натпревар на два пати имавме водство, но академците на два пати го израмнуваа резултатот. Вардар поведе со 1:0 со погодокот на Матеј Гаштаров, за академија да го израмни резултатот на 1:1. Предноста на црвено-црните ја врати Горјан Цветков кој погоди за 2:1, за Академија на ФФМ да врати со нов гол и да ги постават конечните 2:2. Истиов резултат беше актуелен и на полувреме.

Со нерешен резултат заврши и натпреварот на вардаровата генерација “2004„ против академијата на ФФМ која ја сочинуваа играчи родени “2005„ година.  Први во водство дојдоа академијата кои постигнаа гол од пенал, за водство од 1:0. Избраниците на Петар Георгиевски израмнија во вториот дел со голот на Левент Ибраим.

Следниот викенд, двете генерации на Вардар ќе ја отварат сезоната во регионалната-скопска лига и тоа со дербито на домашен терен, против екипата на Шкендија.