Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Цветаноски: Сега сум дел од Вардар и ќе дадам се од себе да му помогнам на мојот сегашен тим да дојде до триумф на овој меч
Цветаноски: Сега сум дел од Вардар и ќе дадам се од себе да му помогнам на мојот сегашен тим да дојде до триумф на овој меч

Цветаноски: Сега сум дел од Вардар и ќе дадам се од себе да му помогнам на мојот сегашен тим да дојде до триумф на овој меч

Матеј Цветаноски е фудбалерот на Вардар кој што потекнува од нашиот следен противник, и ги искажа своите очекувања во пресрет на натпреварот против неговиот поранешен клуб. Младиот крилен играч вели дека не смее неговиот тим да го потцени противникот.

„Сакаме уште една победа и да ја продолжиме серијата на добри резултати. Меѓутоа против себе имаме сериозен предизвик. Не смееме да ги потцениме, и мислам дека натпреварот против Шкендија кога извлекоа нерешено треба да ни покаже дека ќе играме со добра екипа. Мислам дека кој и да игра ќе даде максимум и дека ќе го добиеме овој натпревар. Сакаме три бода, и се надевам дека ќе ја оствариме оваа цел. Јас ќе играм против мојот поранешен тим, меѓутоа нема тука ништо чудно. Сега сум дел од Вардар и ќе дадам се од себе да му помогнам на мојот сегашен тим да дојде до триумф на овој меч“, изјави Цветаноски.