Поради одредени проблеми кои се јавиле, дуелот Вардар – Македонија ЃП наместо на Градскиот стадион, в недела ќе биде одигран на „Борис Трајковски“ во населбата Маџари.
Дуелот се игра како што рековме в недела од 16 часот и 30 минути,a нашиот тим ќе брка уште една победа и со тоа ќе сака да се промовира во нов лидер, доколку и останатите резултати се поклопат.
На неделниот дуел главен судија ќе биде Александар Ставрев од Скопје.