Кошаркарките на Вардар, Нина Зафирова, Христина Ставревска и Ана Ангеловска, своето усовршување во спортот ќе го продолжат на американскиот континент.
Денеска тие потпишаа за училиштето Bella Vista College Prep Arizon преку агенцијата Колеџстарс која од неодамна работи во Македонија и посредува, меѓу другото, при стипендирањето на квалитетни спортисти.
Зафирова, Ставревска и Ангеловска се и македонски репрезентативки во М18 селекцијата и кошаркарки кои се иднината на нашата женска кошарка. Сите три се родени во 2004 година, а со Вардар играа во Јадрнската лига каде „црвено-црните“ влегоа во топ-8.
фото: Coleggestarsmk