Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Кошарка > КОШАРКА! Девојките на Вардар наредија три победи, “падна“ МНА Кожувчанка, во недела дерби со Пелистер на гости
КОШАРКА! Девојките на Вардар наредија три победи, “падна“ МНА Кожувчанка, во недела дерби со Пелистер на гости

КОШАРКА! Девојките на Вардар наредија три победи, “падна“ МНА Кожувчанка, во недела дерби со Пелистер на гости

Девојките на женскиот кошаркарски тим Вардар дојдоа до третата последователна победа во лигата во мечот со  екипата на МНА Кожувчанка  од Кавардарци. Дуелот се играше во среда, на 7.12.2016 во малата сала при спортско рекреативниот центар “Кале“. Цревено-црните девојки дојдоа до триумф со “пет плус“ поени , односно со резултат 76-71. По одиграните четири кола ние сме второпласиран тим со 7 бода колку што има и Шкупи кој доживеа пораз од нас. Прво пласиран е тимот на Шампионот Бадел 1862 кој ни нанесе пораз во 1.коло.

zkk

ТАБЕЛА ПРВА ЛИГА-ЖЕНИ!

 

Викендов на програмата е новото коло во женската кошаркарска лига, во ова коло на програмата е вечно дерби во македонската женска кошарка меѓу екипите на Пелистер АД и Вардар. Дуелот се игра во Битола во  недела, на 11/12/2016. Истиот е закажан со почеток во  13-00 часот. ЖКК Пелистер одигра 3.кола има еден пораз и две победи досега.