Полуфиналисти во купот на Република Македонија во фудбал се нашиот шампион ФК Вардар, бранителот на трофејот Шкендија и тимовите на Пелистер и Брегалница. Сите четири тима денеска во 13-00 часот беа дел од ждрепката за полуфиналето во ова најмасовно фудбалско натпреварување во земјава. Нашиот тим за противник го доби тимот на Шкендија нешто што ви го наговествиме во претходниот текст-тука
На сите кој го следат ждребувањето изминатите години во федерацијата им беше јасно дека овој пар ќе се падне денес. Избегнувајќи го нивниот дуел во финалето со цел на исти меч да не се сретнат двете навивачки групи, слична причина имаше и неодигрувањето на Суперкупот оваа сезона меѓу двата тима. На првиот натпревар кој ќе се игра на 1 март Вардар ќе биде домаќин, додека реваншот се игра на 19 април, на тој дуел ќе гостуваме во Тетово.