Ракометниот клуб Вардар во сабота т.е утре игра со Целје. Домаќини сме на овој дуел во рамките на СЕХА-лигата. На прес конференцијата пред дуелот тренерот Раул Гонзалес и руското крило Тимур Дибиров со свои видувања за овој дуел во регионалната лига:
Ова е веќе трет натпревар против Целје оваа сезона, досега победувавме, но тоа треба да го заборавиме и да ја искористиме нашата шанса. Сега сме во добар момент, одигравме нерешено со Веспрем таму, прво место сме на табелата и треба да играме за победа. Сега немаме притисок, зашто мислам дека со сигурност ќе играме на Ф4 турнирот. Треба да уживаме, салата треба да биде полна, бидејќи сакаме да одиграме добар натпревар. Знаеме дека ќе биде тешко, зашто кога играш против Целје мора да дадеш 100 посто, зашто тие имаат многу добар контранапад, играат многу брзо сите ракометари, особено крилата. Сепак знам дека ќе одиграме многу добар натпревар зашто сите се спремни. Нема со сигурност да игра Кањелјас и Абутовиќ бидејќи се повредени, а сигурно ќе добие шанса Даниел (Ѓорѓевски), како втор голман“, изјави Раул на прес-конференцијата .
Сакаме да ја продолжиме победничката серија. Сега сме на прво место ама знаеме како ќе биде тешко бидејќи Целје на гости игра и подобро на гости отколку дома. Сериозно се подготвуваме и не гледаме во табелата, само гледаме како игра нашата екипа и како напредуваме од натпревар во натпреар. Сакам да ги повикам сите да дојдат и да уживаат во добар ракомет и по овој натпреар се гледаме дури во февруари“, вели Дибиров .