Вардар Јуниор ја заврши оваа календарска година со пораз. Нашите млади момци вечерва беа поразени од тимот на РК Охрид. Овој натпревар заврши со резултат 27:31 (12:14). Вардар Јуниор првиот дел од сезоната го завршува на деветтото место на првенствената табела.
Вардар Јуниор започна добро. По само две минути игра нашиот тим имаше предност од 2:0 со головите на Поповски и Ончев. Следуваа два гола на Охрид преку Кобетиќ за 2:2. Во 5 минута од натпреварот резултатот беше исто така изедначен 4:4. Во тимот на Охрид Кобетиќ ги постигна сите четири погодоци. Потоа следуваа два голови за нашиот тим преку Ончев и Вујачиќ за 6:4. Вардар во понатамошниот дел од мечот играше со играч помалку, односно Поповски доби две исклучувања едно по друго. Во 14 минута од мечот резултатот беше изедначен 7:7. Во 15 минута Охрид стигна до првото водство денеска со голот на Младеновски за 7:8. Следуваше уште еден погодок на гостите за веќе плус два, Кобетиќ го постигна и петиот погодок вечерва. Серијата на Охрид ја прекина нашиот најдобар бек шутер Вујачиќ, кој биеше прецизно за негов трет погодок. Серијата на погодоци за Вардар ја продолжи Георгиевски за 9:9. Следуваа два погодци за Охрид за 9:11. Мини серијата на Охрид од два гола брзо ја прекина нашиот тим со гол за 10:11. Вреди да се напомене дека во овој прв дел одличен беше на нашиот гол Ѓорѓески, а исто така и Ивановски одбрани еден пенал на гостите. Следниот гол го постигна Ангелов кај Вардарци за 11:11. На полувреме се замина со резултат 12:14 за Охрид. Најефикасен по првиот дел беше Кобетиќ кај Охрид со седум погодоци.
Вториот дел со погодок го отвори нашиот тим. Но, бргу потоа следуваше гол и за гостите. Во 33 минута од мечот Охрид дојде до највисоки плус три вечерва. Одма потоа следуваше и уште еден погодок на Охрид за веќе плус четири во 35 минута. Охрид не застана тука, следуваа нови два погодоци на гостите за веќе 13:19 во 36 минута. Предноста на Охрид растеше од минута во минута, веќе во 40 минута Охрид дојде и на плус седум. Серијата на погодоци на гостите ја прекина Вујачиќ со гол од пенал за 14:19. Ова беше шести гол на Вујачиќ во 40 минута од мечот. На спотивната страна, во следната акција следуваше и пенал за Охрид. Сигурен од седум метри беше Блажевски, за нови плус седум за гостите. Maксималните плус осум Охрид ги имаше во 43 минута од натпреварот. Во вториот дел Трајковски беше расположен за игра, за само дваесет минути, голманот на Охрид успеа да запиште седум одбрани. Во 48 минута Манасков постигна еден убав погодок, за 18 за вардарци вечерва. Во 52 минута од натпреварот Охрид имаше сигурни плус осум 20:28. Во 54 минута Охрид дојде до највисоките плус девет. До крајот на мечот, поискусниот тим од Охрид рутинирано ја доврши својата задача, иако нашиот тим намали неколку голови од разликата на противникот.