По повод 13-ти ноември, ден на ослободувањето на градот Скопје. Традиционално се одржа ноќната атлетска трка низ Скопските улици во централното градско подрачје. На патеката долга 6км Вардарецот Завировски забележа најбрза трка во кариерата на оваа делница. Со резултат 21:08 минути го освои одличното 6 место.
Многу е тешко во два дена да се истрчаат две супер брзи трки. По онаа во Куманово во Петокот Завировски одново со одлични перформанси ја потврдува класата за себе. Воедно по иницијативата на мала група на атлетски работници кои бараат смена на сегашниот претседател Крсте Серафимовски. Петре Завировски е првиот атлетичар кој јавно даде подршка и застана во одбрана на сегашниот претседател на федерацијата. Затоа што како што вели Завировски:
Токму он, претседателот Серафимовски секогаш е присутен на секој натпревар, доаѓа на тренинзите на атлетичарите и воедно помага максимално на секој атлетичар!