Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Атлетика > Атлетика! Тројца вардарци настапија на “Приштинскиот полумаратон”
Атлетика! Тројца вардарци настапија на “Приштинскиот полумаратон”

Атлетика! Тројца вардарци настапија на “Приштинскиот полумаратон”

Овој викенд, поточно на  14.-ти мај, недела  се одржа “Приштинскиот полумаратон” во Косово кое воедно беше и Балканско Првенство во полумаратон. Учество на истиот   настан на исклучително тешка стаза земаа и нашите атлетичари од црвено-црниот атлетски клуб Вардар: Трпе Мартиновски, Марко Ивановски и Влатко Јакимовски.

Трпе Мартиновски и во 6-тата деценија од својот живот ниже успеси – овој пат освоено 1-во место во категоријата Ветерани 50-55 години, со време од 1:24;06, при што во генерален пласман заврши на 21-то место.
Марко Ивановски беше дел од Македонската атлетска репрезентација која настапи на Балканското Првенство во полумаратон, при што патеката ја мина за 1:19;56, што беше доволно за 14-то место во генерален пласман на полумаратонот, а во рамките на Балканијадата машката репрезентацијата заврши на 4-то место во екипен пласман.

Влатко Јакимоски

Влатко Јакимоски


Нашиот рекреативец Влатко Јакимоски патекатa од 21.097 метри ја мина со време од 1:51;45, што беше доволно за пласман на 125-то место од повеќе од 400-ни учесници.

Треба  да се напомене успехот на женската репрезентација која на Балканијадата го освои 3-тото место, како и успехот на атлетичарите Дарио Ивановски (Работнички), Милош Ранчиќ (Работнички) и Атанас Анчевски (Делта) кои на трката на 5км ги освоија првите 3 места.