Вчера во спортскиот рекреативен центар Кале се одигра последниот натпревар за оваа сезона во женската младинска лига. Екипата на Вардар предводена од Анжела Платон со триумф ја заврши сезоната, совладувајќи ја убедливо екипата на Кичево 10.
Натпреварот започна со гол за гостинскиот тим, кој го отвори резултатот на 0:1, за црвено-црните да постигнат три последователни голови и да зголемат на 3:1. За момент, Кичево го намали резултатот на 3:2, за да следни нова серија на Вардарки, кои уште на стартот се одлепија на 6:2. Оваа разлика од четири гола се одржуваше до 20 минута, кога резултатот беше 10:6. Сепак до крајот на првото полувреме, нашиот состав направи серија од 6:2 и на полувреме се замина со висока предност од 16:8.
Вториот дел започна со два нови голови на Вардар, за веќе да имаме двоцифрена предност од 18:8. Кичево се обидуваше да парира на црвено-црните и да ја намали негативата. Тоа им успеа кога резултатот беше 23:16, но само за момент бидејќи избраничките на Платон направија серија од 5:0 и поведоа со највисоки 28:16. Кога Кичево ќе постигнеше гол, Вардар враќаше со серија на голови, следат пет последователни голови, за веќе резултатот на семафорот да гласи 33:17. Како се ближеше крајот на мечот, водството се повеќе растеше, за конечениот резултат да гласи 43:20.
Најефикасна беше Анастасија Тодоровска со 9 голови, додека Ивана Трпевска постигна 8.
Вардар СЦЈС: Божиноска 1, Стамова 1, Кицеска, Стојмановска 2, Гичевска, Мицевска, Вељановска, Карчева 6, Трпевска 8, Диневска 6, Тодоровска 9, Реџеп, Костадиновска 1, Филипоска 3, Иванова.
На тој начин младинкките на Вардар ја финишираа сезоната на второто место. Тие остварија седум победи, два нерешени резултати и еден пораз. Првото место и титулата во младинската лига е за екипата на Металург.