Кошаркарскиот клуб Вардар со својата селекција родени 2007 и 2008 година зема учество на силен меѓународен кошаркарски младински турнир во Белград, Србија. Младите вардарци имаа шанса да напредуваат со настапот на истиот.
Како што извесуваат од клубот на својата официјална страница, учество на овој настан земале 18 екипи од цела Европа. Помеѓу нив и звучни имиња како што се тимовите на: ЦСКА Москва, Црвена Звезда, Клуж Романија, Партизан, Триглав, Хелиос и други. За следниот ваков турнир кога ќе играат момци родени 2008/2009 година, веќе одма е упатена покана со црвено-црните за настап од страна на организаторот.