Thursday ,18 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-17 > Пионерите и младинците на ФК Вардар утре ќе одиграат контролни натпревари со екипата на ОФК Београд
Пионерите и младинците на ФК Вардар утре ќе одиграат контролни натпревари со екипата на ОФК Београд

Пионерите и младинците на ФК Вардар утре ќе одиграат контролни натпревари со екипата на ОФК Београд

Утре на теренот на Академијата, гостин на фудбалскиот клуб Вардар ќе биде екипата на ОФК Београд од Србија.

Пријателски натпревари со оваа екипа ќе одиграат пионерите и младинците на фудбалскиот клуб Вардар. Најпрво на терен ќе излезат младинските екипи, нивниот дуел ќе стартува од 11:00 часот, додека од 13:00 часот силите ќе ги одмерат пионерските екипи на Вардар и ОФК Београд.

Мечевите ќе послужат како подготовка за пролетниот дел од сезоната, кој првично треба да стартува на 29.февруари, иако се уште нема официјално известување за почетокот на вториот дел.