Фудбалерите на Вардар во недела ќе ја имаат генералната проба пред стартот на пролетниот дел од шампионатот во ПМФЛ.
Викендов на стадионот во населбата Аеродром, Вардар ќе одигра контролен дуел со тимот на ФК Кадино. Ова ќе биде можност тренерот Васоски да ги разреши сите диелми, ако постојат, пред дуелот со Македонија ЃП идната недела на Градски.
За потсетување, Вардар во првото пролетно коло ќе биде без Аврамовски, кој е суспендиран и нема да може да настапи.
Сите останати играчи засега се подготвени.