Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > Комити > Комити: РК Вардар, ние секогаш ќе бидеме тука, твоја верна сенка
Комити: РК Вардар,  ние секогаш ќе бидеме тука, твоја верна сенка

Комити: РК Вардар, ние секогаш ќе бидеме тука, твоја верна сенка

Вчера, европскиот шампион Вардар, повторно убедливо беше поразен во дуел  од ЕХФ  Лигата на шампионите. Избраниците на Алушовски на првиот натпревар во 2020 година, на гостувањето кај Кил беа совладани со 34-23. Нашите ракометари и  во „Шпаркасе Арена“ ја имаа поддршката од „Комити“, кои по натпреварот уште еднаш ја покажаа големата љубов кон својот клуб. Тие објавија видео со следната порака:

„Ние сме биле тука и во „Расадник“, и во „Кале“ и во „Јане Сандански“. Ние ќе бидеме тука и да играте и со ПСЖ, и да играте со Овче Поле. Нас не ни е важно секогаш да победите, сè додека знаеме дека срцата сте го оставиле на терен!

А ние… ние секогаш ќе бидеме тука, твоја верна сенка!

ВИДЕОТО МОЖЕ ДА ГО ПОГЛЕДНЕТЕ НА СЛЕДНИОТ ЛИНК!