Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Кошарка > Кошарка: Вардар го пречекува Пелистер, дуелот во недела со директен пренос на МТВ
Кошарка: Вардар го пречекува Пелистер, дуелот во недела со директен пренос на МТВ

Кошарка: Вардар го пречекува Пелистер, дуелот во недела со директен пренос на МТВ

Во минатото 6.коло црвено-црниот кошаркарски сениорски тим, Вардар дојде до првата победа во оваа сезона. Ние бевме подобри од КК Шкупи на гостувањето во скопски Чаир. Одлична прилика за втора победа во низа ни е дуелот овој викенд против тимот на битолски Пелистер.

Ние на домашен терен в недела, 14.11.2018 го пречекуваме зелено-белиот тим кој исто како и нас има само една победа досега во Првата кошаркарска машка лига. Натпреваот ќе се игра со почеток во 17-30 часот и од истиот ќе има директен пренос. Дуелот од малата сала при Спортско рекреативниот центар “Кале“  во живо ќе може да го проследите на Македонската телевизија.