Thursday ,18 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > (ФОТО) Фереира: Ќе се вратам уште посилен

(ФОТО) Фереира: Ќе се вратам уште посилен

vardarfans-fereira

Врз пикерот на Вардар, Мораес Фереира во текот на вчерашниот ден беше изведен хируршки зафат во „Аџибадем Систина“. Бразилецот долго време го мачеше коленото, па после мечот против Барселона реши да ја направи неопходната операција на менискусот. Тој на својот инстаграм профил се заблагодари на сите за успешната операција, ветувајќи дека на теренот ќе се врати посилен. Прогнозите се дека за нецели три месеци, Фереира ќе биде на теренот.

Ви благодарам на сите за одличната работа што ја направивте! Ќе се вратам уште посилен, напиша Мораес Фереира.