Со вчерашниот натпревар помеѓу ГРК Борец и Вардар Јуниор на кој поуспешни беа црвено-црните, се комплетираше 8.коло во најсилната Супер лига. Младиот состав на Стојан Петрушевски освои вкупно девет бодови и се наоѓа на 7. место на табелата.
Што се однесува до листата на најдобри стрелци во Супер лигата, во ТОП-10 најефикасни играчи се наоѓаат и двајца ракометари од Вардар Јуниор. Се работи за левиот бек, Дејан Кукуловски кој со 46 постигнати голови се наоѓа на 7.позиција и за средниот бек, Стефан Крстевски кој со 41 погодок ја заокружува листата на ТОП-10 најдобри стрелци. Оваа статистика секое коло ја води ракометниот портал, 24 ракомет.